Terms and Conditions – Ewopharma

Покана за учество на Webinar на Тема : “Преканцерози на грлото на матката и улогата на пробиотиците во одржувањето на вагиналниот микробиом ”

 

 

Почитувани,

Евофарма АГ Претставништво Скопје љубезно Ве поканува да присуствувате на научен настан/ стручно едукативно предавање LIVE-Webinar на тема: “Преканцерози на грлото на матката и улогата на пробиотиците во одржувањето на вагиналниот микробиом” во организација на Евофарма АГ Претставништво Скопје, со предавачи Проф.Др.Горан Димитров од ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство и Др.Корнелија Трајкова од Приватна болница – Аџибадем Систина – Скопје, што ќе се одржи на ден 20.01.2021 година ( среда ) со почеток од 18 часот со времетраење од околу 90 минути.

Стручно едукативното предавање ќе се одржи по виртуелен пат, користејќи ја апликацијата GoToMeeting by LogMeIn (https://www.gotomeeting.com/en-ie)

Одлуката за одржување на овој научен настан на ваков начин е диктирана од мерките преземени во земјата за ограничување на социјалните контакти и групирање на поголема група на луѓе со цел да се спречи ширењето на COVID-19. По укинувањето на овие мерки и нормализирање на социјалниот живот, Евофарма ќе продолжи со организација за стручните состаноци.

Вашето учество на стручниот состанок се базира на Вашето искуство, знаења и умешност и по никаков начин не претставува стимул или награда за мината, сегашна или идна готовност/волја за препишување, препорачување, купување, плаќање за, компензирање, авторизирање, одобрување или пак испорака на производ или услуга, продавани или извршувани од Евофарма.

Евофарма нe може да стимулира или плаќа на здравствените работници да ги користат или препишуваат производите на компанијата, или да влијае на резултатите на клиничкото истражување и/ или за било која друга нерегулирана цел.

Се надеваме дека информациите кои ќе бидат споделени за време на состанокот ќе придонесат за подобрување на третманот на Вашите пациенти, како и размена на искуства.

Доколку имате било какви дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте со претставникот на Евофарма Северна Македонија – Благица Беговска Спасовска, тел.:070-291-551

За сите промени кои би настанале во врска со одржувањето на стручниот состанок, Евофарма навремено ќе Ве извести.

 

Информации за заштита на лични податоци и согласност за обработка на податоци

Со прифаќањето на оваа покана и учеството на стручниот состанок ја давате Вашата согласност за прибирање, складирање и обработка на Вашите лични податоци од страна на Евофарма (како име и презиме, е-маил адреса).  Наведените лични податоци ќе бидат обработени и користени за целите за известување за стручниот состанок, а поврзани со Вашето учество на истиот. Вашите лични податоци што ќе бидат обработени во врска со Вашето учество на стручниот состанок ќе бидат третирани како доверливи. Вие се согласувате и потврдувате дека сте информирани дека Вашите лични податоци можеби ќе треба да бидат пренесени на други фармацевтски компании – партнери на Евофарма, поврзани со организирање и спроведување на состанокот, како што е детално објаснето во Известувањето за заштита на личните податоци – здравствени работници од Евофарма. Овие фармацевтски компании – партнери на Евофарма, може да пристапат до Вашите лични податоци само до оној степен што е неопходен за непречено организирање на состанокот или во врска со целта за која сте ја дале Вашата согласност.

Ве молиме имајте во предвид дека (апликацијата GoToMeeting) не е под контрола на Евофарма. Во однос на обработката на личните податоци што ја вршат во врска со работењето, се применуваат правилата за заштита на личните податоци на LogMeIn кои можете да ги прочитате на следниот линк: https://www.logmeininc.com/trust .

Одлуката дали да учествувате на состанокот е доброволна. Вие имате право да ја повлечете дадената согласност во секое време. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката на личните податоци се до моментот на нејзиното официјално повлекување. Би сакале да Ве информираме да имате предвид дека имаме легитимен деловен интерес да ги задржиме Вашите лични податоци во ограничена форма за потребите на интерната ревизија поврзано со фактот за Вашето учество на состанокот, вклучувајќи го Вашето име и презиме, специјалност и работно место, во случај на повлекување на согласноста, до 5 (пет) години од одржувањето на стручниот состанок.

Ве информираме дека имате право на пристап, како и да побарате корекција на Вашите лични податоци, доколку се неточни, како и нивно бришење. Имате право да се спротивставите на обработката на Вашите лични податоци, при што во иднина поднесувањето на таков легитимен приговор нема да дозволи понатамошна обработка на податоците. Имате право директно да ги пренесувате Вашите лични податоци од Евофарма на друг администратор за лични податоци и да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци од страна на администраторот. Ве известуваме дека имате право на заштита пред надлежниот суд како и по административен пат преку жалба до Комисијата за заштита на личните податоци во случај да бидат повредени вашите права како и дека имате право да не бидете  предмет на решение базирано само на автоматска обработка што вклучува профилирање. Можете да ги остварите Вашите права со писмен контакт со Евофарма АГ Претставништво Скопје на: ул. Антон Попов 1-2/3 1000 Скопје, Република Северна Македонија или прочитајте повеќе информации за тоа како Евофарма ги собира, обработува и ги складира личните податоци на: www.ewopharma.mk/politika-na-privatnost/

 

Со почит,

Евофарма АГ Претставништво Скопје