,

20.05.2023- ПРИМЕНА НА УЛТРАЗВУКОТ ВО АНЕСТЕЗИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ – СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ

ден1,500.00

SKU: 005-2023-2/2 Categories: ,

Почитувани колеги,

Чест и задоволство ни е да Ве известиме дека на 20.05.2023 во просториите на Клиничката Болница Аџибадем Систина, со почеток во 08:15 часот ќе се одржи работилница на тема примена на ултразвукот во Анестезија и Интензивно лекување. Имено, работилницата организирана од страна на ЗЛАРИЛ и Клиничката Болница Аџибадем Систина ќе се состои од предавања и hands on работилници чии предавачи и модератори ќе бидат Анестезиолози од земјава и странство, а исто така работилницата за ултразвук за базичен преглед на бели дробови и срце ќе биде обогатена со пренесување на знаења од страна на афирмирани Кардиолози.

Целта на вака организираната работилница ќе биде посетителите да се стекнат со трајни знаења поврзани за примената на ултразвукот во секојдневната пракса во практицирање то на безбедна анестезија како и имплементација на ултразвукот при третманот на критично болните пациенти од страна на сите интензивисти и усвојување на истото како базична компетиција на модерниот анестезиолог/интензивист.
Работилниците ќе се одвиваат на повеќе работни станици во помали групи со цел сите посетители да имаат прилика практично да ги усовршат вештините за безбедна примена на ултразвучно водените техники на регионална анестезија како и правилна примена на ултразвукот во секојдневната пракса во одделите за интензивна нега.

КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ.

Место на одржување: Амфитеатарот на клиничка болница – Аџибадем Систина – VI кат, влез Б

Датум на одржување: 20.05.2023 (сабота )

Котизацијата за настанот

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ – 1.500,00 МКД 

РЕГИСТРИРАЈ СЕ

Пријавувањето за учество на работилницата трае најдоцна до 19.05 2023

ПРОГРАМА