Почитувани колеги,
По повод Неделата на борба против туберкулозата (14-21 септември 2023 година ) Здружението на пневмофтизиолози на Република Македонија ќе одржи стручен состанок насловен како “ Место и улога на вакцинацијата во спречување и контрола на туберкулозата “.
Состанокот ќе се одржи
На ден – 21.09.2023
Со почеток во 12:30
Место – ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ.
Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата на сите регистрирани учесници.
Котизацијата за настанот изнесува 300,00 МКД.