На ден 11 декември 2023 (понеделник), во ресторан „Воденица“ во Скопје ќе се одржи секцискиот состанок „Грижа на женско здравје во репродуктивен период“. Настанот е во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом (ММЗХМ), а со поддршка на Medis Consumer Health.
Настанот е акредитиран во Лекарска Комора и Македонско Лекарско друштво.
Доколку сакате да добиете сертификат потребно е да ја подмирите котизацијата за настанот која изнесува 300 денари и истата може да ја уплатите преку веб страницата КМЕ на МЛД или пак со уплата на трансакциската сметката – 270-0406786001-48 – Халк Банка со цел на дознака Котизација за „Грижа на женско здравје во репродуктивен период“ / МАГО-18.
Кликнете на линкот за да го пријавите вашето учество ПРИЈАВА
По завршување на секцискиот состанок ќе се одржи забава.
АГЕНДА
19:00-19:15 – Регистрација
19:15- 19:20 – Обраќање на Проф. д-р Горан Димитров – Претседател на МЛД и модератор на настанот
19:20 – 19:25 – Обраќање на Проф. д-р Глигор Тофоски – Претседател на МАГО
19:25 – 19:40 – „Корелација на вагинален микробиом и Candida“ – Доц. д-р Корнелија Трајкова
19:40 – 19:55 – „Суплементација во бременост во модерното време“ – Доц. д-р Иво Ќаев
19:55-20:10 – Едноставен ефикасен и безбеден третман при вулвовагинална кандидијазав – Љубица Златановиќ
20:10 – 20:30 – Прашања и дискусија
20:30- Забава