Почитувани,
На ден 12 декември (четврток) со почеток од 18:00ч., во салата на ресторан Воденица ќе се одржи секцискиот состанок „Напредна дијагностика на чести гинеколошки и перинатолошки состојби“.
Состанокот е акредитиран во МЛД ЛКРСМ и носи 4 бода.
Котизацијата за овој состанок за секој кој сака да добие сертифкат е 300 денари.
АГЕНДА
18:00-18:15 – Прием и регистрација
18:15 – 18:25 – Отворање на настанот и обраќање на претседателот на МАГО –Проф. Д-р Глигор Тофоски
18:25 -18:40 – „Методи на детекција и следење на најчестите ХПВ асоцирани гинеколошки состојби“ – Д-р спец. Влатко Гиревски
18:40 – 18:55 – „Промената на вагиналниот микробиом и неговата важност при настанување на преканцерозни состојби на грлото на матката“ – Д-р спец. Ивана Кијајова
18:55 – 19:10 – „Нарушување на гениталниот микробиом и неговите импликации во женски и машки стерилитет“- Д-р спец. Лилјана Лабачевска Ѓатовска
19:10 – 19:25 – „Улогата на Инхибин А во рана дијагноза на прееклампсија“ – Д-р спец. Пранвера Изаири
19:25 – 19:35 – Дискусија и прашања
19:45- Коктел