Опис
Македонското лекарско друштво, во соработка со Асоцијацијата за корпоративна и дигитална безбедност на Република Северна Македонија, Ве поканува да земете учество на стручниот состанок на тема:
„Лекарот во современото општество: безбедност, заштита и професионален интегритет“
15 септември 2026 година (вторник)
13:00 часот
Хотел Мериот, Скопје
Стручниот состанок има за цел да отвори дискусија за актуелните предизвици со кои се соочуваат лекарите и здравствениот систем, со посебен акцент на безбедноста, професионалната заштита и зачувувањето на интегритетот на медицинската професија.
Во рамките на програмата ќе бидат обработени следните теми:
- Безбедноста на здравствениот систем низ призмата на безбедноста на лекарите;
- Лекарот под притисок – комуникацијата со пациентите и насилството врз здравствените работници како современ јавно-здравствен предизвик;
- Улогата на полиграфскиот скрининг во медицинскиот сектор;
- Медијацијата и нејзината примена во здравствениот систем;
- Сајбер безбедноста во здравството, заштитата на податоците и безбедноста на пациентите;
- Тркалезна маса со учество на предавачите и поканети гости, посветена на размена на искуства и дискусија за можните решенија и идните активности.
Ги покануваме сите лекари, здравствени работници и заинтересирани професионалци да земат активно учество на овој стручен настан и да придонесат кон заедничка дискусија за унапредување на безбедноста и професионалниот интегритет во здравствениот систем.
Состанокот е Акредитиран од ЛКРСМ
Котизација 750 денари
Бројот на учесници е ограничен на 60.



