Опис
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека на 27 ноември (со почеток во 15:00 часот), во Хотел Холидеј Ин (Holiday Inn), Македонската асоцијација за фетална медицина (МАФМ) организира стручно предавање со меѓународно учество на предавачи од FMF и МАФМ.
Главна тема:
„Гестациски дијабетес: предикција, скрининг и менаџмент кај единечна и близначка бременост, и ретки случаи од фетална медицина“
Подтеми на предавањето:
-
Обезитет и дијабетес како фактори на ризик во прегравидарна, интрапартална и постпартална грижа
-
Ретки и комплексни случаи од феталната медицина
Котизација за учество:
-
Специјалисти: 2000 денари
-
Специјализанти: 1000 денари
Со задоволство Ве очекуваме да земете учество и со своето присуство да придонесете кон успешната работа на ова стручно предавање.
Состанокот е акредитиран од ЛКРСМ, по завршување на настанот, на сите присутни ќе се доделат Сертификати.



