Опис
Почитувани колеги,
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО има чест и задоволство да Ве покани на стручниот симпозиум „Животниот век на жената, совршена игра на естроген и прогестерон“, кој ќе се одржи во петок, 04.12.2026 година, во Ресторан Воденица – Скопје, со почеток во 18:30 часот. Регистрацијата на учесниците ќе трае до 19:00 часот.
Симпозиумот е посветен на улогата на естрогенот и прогестеронот низ сите периоди од животот на жената – од репродуктивниот период, преку лекувањето на неплодноста, до перименопаузата и менопаузата. Модератор на симпозиумот ќе биде проф. д-р Глигор Тофоски, ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство (УК ГАК).
Во рамките на програмата, доц. д-р Наташа Илиева од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство (УК ГАК) ќе зборува за улогата на естрогенот и прогестеронот во животниот циклус на жената. Потоа, м-р д-р Александар Бојаџиев од Аџибадем Систина – Скопје ќе ја претстави хормонската терапија при медицинските процедури за лекување неплодност и асистирана репродукција, додека д-р Татјана Гуржанова од Њу Борн Клиника – Скопје ќе зборува за хормонската терапија со естроген и прогестерон во перименопауза и менопауза.
Настанот е акредитиран во Македонското лекарско друштво и Лекарската комора на Република Северна Македонија со 4 бода. Котизацијата за учество изнесува 300 денари, а пријавувањето се врши преку следниот линк: https://forms.gle/phZgLiqnbLD2ZqWK6.
Симпозиумот се одржува со поддршка на веледрогеријата Септима ДООЕЛ – Скопје, во соработка со фармацевтската компанија SeidLab.
Со задоволство го очекуваме Вашето присуство.
Со почит,
Проф. д-р Глигор Тофоски



