Стручно-едукативно предавање на тема „Безбедни иновативни здравствени услуги за време на Ковид – 19“ во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и Македонското лекарско друштво (МЛД) во соработка со УНФПА и Министерство за здравство на РСМ.
Предавањето е наменето за специјалисти по општа и семејна медицина како најголеми гласници до своите пациенти, да ни се придружат во ширењето на информацијата за активностите на мобилните гинеколошки амбуланти.
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ.
Online предавањето ќе се одржи на платформата GoToMeeting на 21.12.2021 (вторник) со почеток во 18:00 часот и може да го следите на следниот линк
https://www.gotomeet.me/MacedonianMedicalAssociation/mago
ID на настанот: 289-499-917
Сите регистрирани учесници добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата на сите регистрирани учесници.
Ве молиме да го најавите Вашето присуство со регистрација на следниов ЛИНК.
Стресот, ограниченоста на движењето, стравот од зараза со Ковид-19, го отежнаа пристапот до здравствените услуги за превенција од рак на грлото на матката, планирање на семејството и родово базираното насилство, посебно за жените и девојчињата кои живеат во поодалечени предели низ државата, рурални места и во делови без соодветна инфраструктура. Анализите на релевантни меѓународни организации покажаа дека сегментот од здравствениот систем кој се однесува на сексуално и репродуктивно здравје особено беше ранлив и пред Ковид-пандемијата, а потребата за подигањето на јавната свест на тема – превенција на женското здравје уште повеќе се зголеми во време на пандемијата.Со цел да се надминат овие услови, од први декември започна со работа мобилната гинеколошка амбуланта. Со работата на мобилните амбуланти се доближија здравствените услуги за сексуално и репродуктивно здравје, при што покрај бесплатен ПАП-тест, на едно место жените добиваат совети за планирање на семејството и за родово базираното насилство.
Здравствените услуги се бесплатни, се само на неколку чекори од домовите на жените во изолираните подрачја, а истовремено се надминуваат и пречките кои ги имаа жените при посетата на гинеколог, како што се: долгото патување и трошоците за него.
Прегледите ги вршат тимови од гинеколози и медицински сестри од Универзитетската Клиника за Гинекологија и
Акушерство во Скопје како и од повеќето болници во државата.
Работата на мобилните гинеколошки амбуланти, коишто во наредниот период ќе бидат стационирани во повеќе општини низ државата, е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА.
Фондот за население на Обединетите нации кои се носители на проектот и ја обезбедија целокупната медицинска опрема неопходна за функционирање на амбулантите.
Досегашното пријавувањето се одвива преку ангажираните волонтери на Црвен Крст.