Почитувани колеги,
Чест и задоволство ни е да Ве известиме дека на 20.05.2023 во просториите на Клиничката Болница Аџибадем Систина, со почеток во 08:15 часот ќе се одржи работилница на тема примена на ултразвукот во Анестезија и Интензивно лекување. Имено, работилницата организирана од страна на ЗЛАРИЛ и Клиничката Болница Аџибадем Систина ќе се состои од предавања и hands on работилници чии предавачи и модератори ќе бидат Анестезиолози од земјава и странство, а исто така работилницата за ултразвук за базичен преглед на бели дробови и срце ќе биде обогатена со пренесување на знаења од страна на афирмирани Кардиолози.
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ.
Место на одржување: Амфитеатарот на клиничка болница – Аџибадем Систина – VI кат, влез Б
Датум на одржување: 20.05.2023 (сабота )
Котизацијата за настанот
СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ – 1.500,00 МКД
Пријавувањето за учество на работилницата трае најдоцна до 19.05 2023