Почитувани колеги,
Ве покануваме да присуствувате на Симпозиум со тема „Туберкулозата денес: Наука, превенција, иднина“, во организација на Институтот за белодробни болести и туберкулоза, во соработка со Здружението на пневмофтизиолози на Р.Македонија, што ќе се одржи на 20 ноември 2025 година во Скопје.
Настанот ќе опфати предавања и дискусии за современите научни сознанија, превентивни стратегии и идните предизвици во борбата против туберкулозата.
👉 Котизација: 300 денари
📅 Датум: 20.11.2025
🕑 Почеток: 15:00 часот
📍 Место: Деканат – свечена сала
Настанот е акредитиран од МЛД/ ЛКСРМ
Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата.
Instructor

