Почитувани колеги,
Во пресрет на 18ти Ноември – Светскиот ден за борба против антимикробната резистенција и Светската недела за разумна употреба на антимикробните средства, имаме задоволство да Ве поканиме на стручен состанок на Здружение на микробиолозите на Македонија, кој ќе се одржи на ден 06.11.2025 (четврток ) со почеток
12:30 часот во ресторант Воденица, Скопје.
Точната и стандардизирана употреба и интерпретација на Минималната Инхибиторна Концентрација (Minimum Inhibitory Concentration -MIC) игра голема улога во процесот на донесување соодветни одлуки за лекување во смисол на точна и таргетирана терапија и правилно применување на медицината базирана на докази.
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКРСМ.
Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата на сите регистрирани учесници.
Котизацијата за настанот изнесува 300,00 МКД.
Instructor

