ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
1.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Оваа Политика за приватност се однесува на www.kme.mld.mk во сопственост на Македонско лекарско друштво и објаснува како www.kme.mld.mk ги собира и ги користи информациите за корисниците на Веб-сајтот, вклучително и персоналните информаци кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на Сајтот. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате.
Со користењето на www.kme.mld.mk Вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика за приватност, како и нашите Правила и услови на користење.
Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика за приватност. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни. Не ги споделуваме Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.
Овој документ е дизајниран да ве информира за обработката на вашите лични податоци и вашите права во врска со оваа обработка според Законот за заштита на лични податоци, Општата регулатива за заштита на податоците („GDPR“) и други законски прописи.
Ние, Македонско лекарско друштво, како сопственик на www.kme.mld.mk сме контролор според Законот за заштита на лични податоци и според тоа сме одговорни за обработката на податоците објаснета во оваа политика.
Нашето одговорно лице за заштита на лични податоци можете да го контактирате преку контакт информациите приложени на страницата.
2.РЕГИСТРАЦИЈА
Услугите кои ги овозможуваме преку www.kme.mld.mk може да се користат само доколку корисникот се регистрира во системот. За време на процесот на регистрација се собираат следниве информации:
– име и презиме;
– електронска адреса;
– ваша адреса и место на живеење
– единствен матичен број
– телефон за контакт
– Ваша специјалност
– информации за наплата од кредитна или дебитна картичка
Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Халк банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување трансакција.
Подоцна, преку Вашата профил-страница, може да додадете и други информации за Вас или да ги менувате постоечките.
Личните податоци кои ги наведувте во формуларот за регистрација ќе бидат обработувани за креирање и одржување на вашата корисничка сметка како и за целите на обезбедување на услугата за која ја креиравте корисничката сметка. Доколку сакате да ја избришете вашата сметка, со поднесување на барање до нас, вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен во случаите кога законски сме обврзани да ги чуваме податоците.
3. БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
Сите кориснички информации кои се сочувани во системот се чуваат во безбедни бази на податоци, заштитени преку различни индустриски стандарди за контроли на пристап, безбедносни лозинки, Македонско лекарско друштво, не може во целост да ги елиминира безбедносните ризици при пренос на податоци и информации преку онлајн конекции, така што користењето на овие системи е на Ваш сопствен ризик.
4. ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Сите информации кои www.kme.mld.mk ги чува за Вашата корисничка сметка, се достапни преку админ-панелот на Вашиот профил. Преку овој дел од системот може да ги прегледувате и ажурирате Вашите податоци и податоците кои се однесуваат за Вас.
Доколку сакате, може да ја деактивирате Вашата корисничка сметка, со повик во нашиот контакт центар за поддршка, меѓутоа и по деактивацијата на Вашата корисничка сметка, информациите ќе останат во нашиот систем бидејќи законски сме обврзани да ги чуваме тие податоци.
5. ВАШИТЕ ПРАВА
Како субјект на податоци, можете да нé контактирате во врска со заштитата на податоци со цел да ги искористите вашите права. Вашите права се следните:
- Право да добиете информации за обработката на податоците и копија од вашите податоци
- Право да побарате исправка на неточни податоци или пополнување на нецелосни податоци
- Право да побарате бришење на личните податоци;
- Право да побарате ограничување на обработката на податоците
- Право да ги добиете вашите личните податоци во структуириран, вообичаено користен и машински читлив формат и право да побарате пренос на овие податоци до друг контролор
- Право на приговор на обработката на податоците
- Право да ја повлечете дадената согласност во секое време со цел запирање на обработката на податоците што се заснова на ваша согласност
- Право на поднесување на приговор до надлежниот надзорен орган: “Агенција за заштита на личните податоци”
6. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Вашите лични податоци добиени преку нашата веб-страна се чуваат се додека не се исполни целта за која тие биле потребни. Исклучоци од ова правило се случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до финансиските и даночните служби. Во овие случаи мора да се почитуваат периодите на чување на податоците според законските прописи, каде периодот на чување за одредени податоци може да биде 5 или повеќе години. Исто, периодите на чување на податоците може да се продолжи и поради наш легитимен интерес.
7. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Во процесот на обезбедување на услугите користиме услуги од трети компании. Пример за овие услуги се процесирање на плаќањата со платежни картички, користење на сервери за е-пошта или анализирање на податоци. Овие трети компании имаат пристап до личните податоци со цел да ги извршуваат нивните услуги во наше име и се овластени од нас да ги користат овие податоци само во случај на услугите кои ги обезбедуваат за нас.
Овие трети компании може да се наоѓаат во земји во и надвор од Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА). Ние се осигуруваме дека овие трети компании ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на лични податоци со цел да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците.
8. ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници.
Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.
9. КОНТАКТ
Доколку имате прашања или сугестии за нашата Политика за приватност, ве молиме отворете ја нашата контакт страница и искористете ги контакт информациите приложени таму за да нѐ контактирате.