Континуирана медицинска едукација во организација на Македонското здружение за исхрана и здравје.
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ.
Стручниот состанок ќе се одржи на 13.06.2022 (понеделник), во анфитеатарот на Деканатот на УКИМ Медицински факултет – Скопје, со почеток во 12:15 часот.
Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата на сите регистрирани учесници.
Котизацијата за настанот изнесува 400,00 МКД.