Опис
Почитувани,
Во име на претседателот на Македонското здружение за исхрана и здравје проф.д-р Игор Спироски , Ве покануваме да земете учество на Обуката за спроведување на 7. круг на Иницијативата за следење на дебелина кај децата, која ќе се одржи на 19 септември 2026 година во Кавадарци.
Организатори на обуката се Македонското здружение за исхрана и здравје и Здружението на доктори-специјалисти по хигиена и здравствена екологија.
Котизацијата за учество изнесува 1.000 денари.
Вашето присуство и активно учество ќе претставуваат значаен придонес кон успешната реализација на седмиот круг на Иницијативата и кон унапредувањето на јавно-здравствените активности насочени кон следење и превенција на дебелината кај децата.
Состанокот е акредитиран од ЛКРСМ, за кој сите учесници ќе добијат Сертификат .



