Почитувани, задоволство ни е да Ве поканиме, во името на ЗММ, на панел дискусијата „Заеднички против антимикробната отпорност“, во организација на Здружение за одржлив развој БИОМ Скопје и Мултисекторската комисија за контрола на АМО при Министерството за здравство на РСМ со поддршка на Светска Здравствена Организација – регионалната канцеларија за Европа.
Настанот ќе се одржи во Хотел Aleksandar Palace, Скопје, на 14 Декември 2023 година, со почеток во 11 часот.
Настанот ќе биде акредитиран од МЛД и Лекарската Комора на РСМ.
Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата на сите регистрирани учесници.
Цената на котизацијата – 150 денари