Почитувани колеги,
Ве известуваме дека Македонското здружение на физијатри ќе оддржи стручен состанок на тема : Современ пристап во третман на идиопатска адолесцентна сколиоза
Состанокот ќе се оддржи во конференциската сала на Центарот за ортотика и протетика СЛАВЕЈ АД, Скопје
Со почеток од 13:00 часот – 13.12.2024 ( петок )
ДНЕВЕН РЕД:
1. Современ аспект на третманот на адолесценти идиопатски сколиози Доц. д-р Нерон Поповски, специјалист ортопед
2. Научен пристап на вежби за сколиоза – современа индивидуална рехабилитација на идиопатска адолесцентна сколиоза Вон. проф. д-р Цветанка Ѓеракароска Савевска, специјалист по физикална медицина и рехабилитација
КМ едукацијата е акредитирана од МЛД и ЛКСРМ.
Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат, во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата на сите регистрирани учесници.
Котизацијата за настанот изнесува 350,00 МКД.