19.05.2025 – Современи трендови во феталната медицина ( специјалисти )

ден0.00

SKU: 075-2025-1-2 Category:

Научен настан: Современи трендови во феталната медицина
Датум: 19 мај 2025
Локација: Конференциска сала, Хотел Мериот – Скопје

Добредојдовте на научниот настан во чест на номинирањето на Проф. д-р Кипрос Николаидес за почесен професор на Медицински факултет Скопје, посветен на најновите достигнувања во феталната медицина, со учество на светски признати експерти од Фондацијата за фетална медицина. Клучен говорник на настанот ќе биде едно од највлијателните имиња во оваа област – Проф. д-р Кипрос Николаидес, основач на Фондацијата за фетална медицина и пионер во развојот на современи фетални технологии и интервенции.

Настанот претставува ретка и исклучителна можност за професионалци од областа на гинекологијата, акушерството и перинатологијата да стекнат директни сознанија од водечки имиња, да дискутираат за најновите трендови и да разменат искуства во високо стручна средина.

Регистрацијата е отворена за сите здравствени работници заинтересирани за напредокот во феталната медицина и примената на современи технологии во секојдневната клиничка пракса.

Обезбедете го вашето место навреме – бројот на места е ограничен.

 

Сите регистрирани учесници со уплатена котизација, добиваат Сертификат за успешно завршено стручно усовршување во дигитален формат,  во рок од 7-14 дена по одржувањето на едукацијата.